Feb 17

Те затворив во градината на вечноста
Каде што децета на дождот го играат
Нивниот суров, прекрасен танц.
Ти побегна.

Те оставив во шумата на волшепствата
чувана од еднорози,
направени од светлина и мојата крв,
Ти побегна.

Те заробив во моето срце
И го закопав во полето
Под дрвото на љубовта

Оттука нема никогаш да побегнеш.

Зоран Попоски

Напиши коментар