Mar 15

Ова беше мојот прв пост на блогерај кој го избришав по грешка, а потоа ми загина привремено бидејки не беше пишуван во кирилична подршка.

Тој и Таа – дополнување на една театарска пиеса

(тој и таа седат на фотељи кај него дома….Тој е лик од текстовите на Лилит, а Таа е лик од мојата приказна) – еден прекрасно фриволен текст во замена за мојата поезија.

Таа: Вчера те сонував?
Тој: Ау ма немој?
Таа: Навистина..не ми веруваш?
Тој: Е ајде де, … да бе ти веруем…
Таа: Јас се шетав низ дрвјето, а од срцето на врелиот ден воздишки испаруваа…
Тој: А?
Таа: Доволно угоре се качуваа и цветовите мангови ги бакнуваа…
Тој: Шо зборуеш ма ти!!??
Таа: Се сеќавам во сонот те прашав каде одиш…а ти ми рече одам на пазар…
Тој: Ја сум го рекол тоа!!??
Таа: Да…а потоа нечиј глас праша : ,, Што бараш таму?”.
Тој: И?
Таа: Ти одговори : ,, Сакам да купам поклон и да изненадам една мошне драга личност за мене”.
Тој: Сум сакал да купам поклон ?…абе не се сеќавам на тоа!!!
Таа: И тогаш посакав да те имам за еден момент, ама те изгубив за цела вечност.
Тој: Кај си ме изгубила … на пазарот?
Таа: Не … во сонот
Тој: Аааааа…да.да бе… ти тоа си сањаше…
Таа: Да де…
Тој: Ја па мислам стварно..ме збуни сеа…
Таа: Чувствата ги изнајмив сцената ја напуштив
Тој: Каде бе на пазарот или во театар…Кај сме сега..?
Таа: Кај тебе дома сме.
Тој: Ау да да…Абе какви чувства сега ти мене ептен сакаш да ми го свртиш паметот
Таа: И се уште те сонувам и никако да заборавам
Тој: Кого да заборавиш..пазарот или театарот?
Таа: Тебе бе…
Тој: Е кај ме најде сега баш мене.
Таа: Па нели сум со тебе , кај тебе дома
Тој: Абе не мислиш дека зборуеме без поента
Таа: Не ти докажав за сонот
Тој: Ааааа….а купив ли нешто на пазарот?
Таа: Не се зафркавај…чекај да ти докажам
Тој: бе добро извини…еј не се љути
Таа: Не се лутам ама дослушај ме
Тој: Еве де те слушам, уво се напраив
Таа: И ти викам вечерва пак те сонував и не можам да те преболам, ниту да те заменам, ни да претпоставам
Тој: Што тоа?
Таа: Па колку би ми бил животов тежок без тебе
Тој: Без когооо.???
Таа: Нашиот крај се наѕира, а јас се надевав..само што со тебе уште една загуба во животот си додадов
Тој: Абе тебе ти рекол ли некој до сега ,,Збогум драга прости ми, за сите соништа неостварени !!???”