May 31

Кодот на да Винчи пробиен?

Дали се дешифрира кодот на да Винчи? Дали се открива тајната шифра? Дали се тргнува по трагите на Леонардо?

Чекор по чекор многу стрпливо, во стилот на детектив од филмот Кодот на да Винчи…еден човек се доближува до мистеријата на Леонардо, следејќи ги трагите кои можат да го доведат до откривање на ремек делото изгубено повеке од четири и пол векови. Тој верува дека е скриено во собата која била центар на политичките случувања во Средниот век, во Фиренца.

За делото на Леонардо да Винчи кое последен пат е видено 1563 година, се знае исклучиво од копии кои ги направиле неговите современици, како и подоцнежни автори. За историчарите на уметноста да се најде изгубеното дело на Леонардо насловено како Battle of Anghiari, е во истиот ранг како кога би се нашле артефактите од Титаник или уште подобро гробот на Египетскиот архитект- Имхотеп.
Maurizio Seracini, светски познат стручњак во областа на ликовната уметност, верува дека ова дело е скриено позади фреската на Џорџо Васари во Sala del Gran Consiglio, домот на Италијанскиот “Louvre” — галеријата Uffizi.

May 30

Зачнување

Зошто ме земаш
јас не сум Христова невеста?
доаѓаш непокането
си одиш ненајавено.

Ми вети божји дар
цела вечност за еден миг
и јас безумно се борам
зошто оваа глава веќе
не му прилега
на ова тело
а коските под кожата
почнаа да зборуваат.

 

Појавление

,,Секоја перцепцијата има
3Д квалитет.”

,,Молам” -реков
,,зошто тогаш се дрзна
да ми завештиш”…

 

нешто што не се купува,
продава, одзема, додава,
не се гледа ни чувствува
не се губи
ниту проштева.


, , , , , , , , , , , ,

May 30

Во првиот електронски часопис за уметност воопшто излезен на Интернет, беше презентирана информацијата дека во Музејот на уметност во Далас на 28 мај започна изложба чиј повод е Louis Comfort Tiffany , и која ќе трае до 3 септември.

Изложбата вклучува 120 дела составени од витражи и секако, препознатливите ламби на Тифани кои на светските аукции достигнуваат баснословни суми. Иако го сакам Арт Нуво како уметнички правец, иако во голема мера е уметност на декорација (дури до толку што некои му ја одрекувале и неговата вредност како архитектонски стил), сепак морам да си признам на себе си дека ми е жал што Тифани својот талент го ограничил само на внатрешниот дизајн и декоративните уметности.

кликни нежно на сликите да ги зголемиш