May 17

58. Little girl - Mom by Laura Monahan

Едно утро во мојата цветна градина наиде

едно слепо девојче
и во лотосов лист ми понуди ѓердан.
Го обесив околу вратот, и солзи ми надојдоа на очите.
Го бакнав девојчето и реков:,,Слепа си како и ова цвеќе”.
,,Ниту самата не знаеш колку е убав твојот поклон”.

76.
Пред храмот имаше панаѓур. Дожд паѓаше од рано утро,

и денот веќе истекуваше.
Посветол од секаква веселба на народот
беше светлиот насмев на едно девојче,
кое за една пара имаше купено свирче од палма.
Пискливата радост на едно свирче
го надмина целото смеење и врева.

Innosence Mounted by Wolfgang SuschitzkyСветот во бескраен ред дојде и се туркаше.

Патот беше каллив реката надојдена, нивите
преплавени од непрекидниот дожд.
Поголема од сите несреќи на народот
беше несреќата на едно мало дете -
немаше ниту една пара за себе

да купи едно шарено стапче.
Неговите сериозни очи што се втренчија во излогот,
го направија овој цел метеж од луѓе

така беден.

Рабиндранат ТагореГрадинарот*

* за линкот и благодарам на le bitch