May 22
Бидејќи започнува лудилото наречено предизборна кампања, јас се вклучувам, но само во улога на логистичка поддржка. Ветувам дека ќе ги следам сите партии, ама само со поглед :D)))))))

Телото ми е како плочка
земи прочитај ја.
Ја прорекувам вистината
и носам клуч во устата.
На мислите се навикнав
како на своја облека.
И добро глумам воздишки
за да не се обезвреднам.
Ова се само дел од вестите
на платената политичка програма.
poetry, blog, macedonian, politics, поезија, блог, македонски, политика.
May 22

Ова е тема која некако тивко се протега веке подолго време низ блогерајот. Мислам дека ја почна Баздарџијата, ја продолжи Оксиморон, а гледам се надоврзала и Зомбификација.
По овој повод би сакала да го кажам и моето скромно запазување. Значи секоја жена (тука мислам и на секој човек воопшто), тоа што го мисли во себе за самата себе, тоа ќе и се отслика во реалноста.
Кривицата е во самите луѓе и нивните одлуки. Конкретно за насилството. Ако имаш некоја навика, тогаш запрашај се зошто таа служи? Што се добива со неа? А што ќе се случи ако се ослободи од неа?
Често слушам како луѓето зборат:,,Абе животот би ми бил подобар, ако..” Епа тоа ако е решение на целиот проблем. Значи проблемот е внатре во менталниот склоп. Ако веруваш дека можеш подобро, зошто тоа не го сториш ЖЕНО?