May 26

Читам требало да се стави слика на газдата на блогот. Јас имав еднашка ставено слика која стоеше неколку дена и ја одстранив не само поради оф топик коментарите, туку поради лични ставови кои ќе ги дознаете ако си проролате по Моите блогови.

Бидејќи бев тука и таму прозвана, што посредно што неспосредно, еве реков и ја да си ставам една фотографија, ама не ќе да е тоа анфас туку профил. Како нарачано ми дојде утринава одењето до ГТЦ каде сртенав четвори момчиња кои создаваат една необична улична урбана уметност – работење на профили во хартија за само 2-3 минути. И така додека клиентот си чека на својот профил, може да си направи лежерен муабет со дечките.

Не знам колку е за верување дека тие специјално студирале 3 години на факултетот за убави уметности во Асизи, Италија, и 10 години се на улица работејќи го ова. Ама знам дека покрај уметност, ова е една голема умешност, и пред се многу креативност и усовршеност во техниката. Конктетно мојот профил ми го направи Бленди (тоа му е уметничкото име) едно урбано градско скопјанче што лебот си го заработува на овој начин, и како што кажа, ќе биде овде во Скопје само уште две недели. Изволте мојот профил.

кликни нежно да ја зголемиш сликата