May 28

Си спомнуваш ли…

 

Ти текнува ли на нашата лубов
свежа и прекрасна
како градина од ружи,
а полна со трње.

Joyce-Shelton-Veranda Ти текнува ли на сонот
кога дојде по мене
ме подигна
и на раце ме понесе.

Ти текнува ли
на оној фустан
што ми го подари
кога прват ме бакна таму

на верандата.

Sung Kim-Dixie`s-veranda

, , , , , , , , , .

May 26

Читам требало да се стави слика на газдата на блогот. Јас имав еднашка ставено слика која стоеше неколку дена и ја одстранив не само поради оф топик коментарите, туку поради лични ставови кои ќе ги дознаете ако си проролате по Моите блогови.

Бидејќи бев тука и таму прозвана, што посредно што неспосредно, еве реков и ја да си ставам една фотографија, ама не ќе да е тоа анфас туку профил. Како нарачано ми дојде утринава одењето до ГТЦ каде сртенав четвори момчиња кои создаваат една необична улична урбана уметност – работење на профили во хартија за само 2-3 минути. И така додека клиентот си чека на својот профил, може да си направи лежерен муабет со дечките.

Не знам колку е за верување дека тие специјално студирале 3 години на факултетот за убави уметности во Асизи, Италија, и 10 години се на улица работејќи го ова. Ама знам дека покрај уметност, ова е една голема умешност, и пред се многу креативност и усовршеност во техниката. Конктетно мојот профил ми го направи Бленди (тоа му е уметничкото име) едно урбано градско скопјанче што лебот си го заработува на овој начин, и како што кажа, ќе биде овде во Скопје само уште две недели. Изволте мојот профил.

кликни нежно да ја зголемиш сликата

May 24

Се запрашав колку всушност треба да биде лично она кое што го пишуваме на својот блог. И колку лично тоа треба да биде? Ако не пишуваш лични работи, тогаш ќе изгледа се многу стерилно. Ако пишуваш глупости, никој нема да те чита. Ако пишуваш премногу лично, тоа може да биде сватено во погрешна конотација.

Секој збор сведочи за нас. За тоа какви сме навистина, што не засега, што не боли, што не прави среќни, што не нервира… Блогот е тука и кога патиме и кога се радуваме…Значи прашањето е дали треба да се размислува на кој начин да се пишува, да се бираат зборовите или тие да одат по рандом..како што ни надоаѓаат мислите?

А зошто?

Затоа што е факт дека се што праќаме на нет, останува запишано таму на небото, во некоја архива, на некој сервер…и ако излезе некогаш на некој претражувач нашиот коментар, дали сме навистина спремни да се соочиме со себе си?