Jun 04

Свадбата во Кана - Веронезе

Се што имам во животот сакам еднашка,
а се што сакам го губaм два пати.
Сонце или месечина
дуализам на природата.

Во мојот свет го живеам
моментот на посебноста.
Свето е тоа или профано
во истиот момент доловено.

, , , , , , , , , , .

Jun 04

Не велам дека имам кој знае какво животно искуство…јас која сум родена кон крајот на 20 век. Порасната сум како урбано девојче, но професијата ми дозволи секогаш да бидам еден чекор понапред во иднината, трагајќи по минатото. Така во буквална смисла почнав да го откривам светот, но и тој мене. Патувам стално…патувам многу и скоро секогаш му се враќам НЕМУ.

Постојано се прашувам на тие патувања, дали можам да ги врежам во своето сеќавање сите тајни недопрени, улици неизодени, стапки недоследени, љубови неоткриени. Да ги запишам сите воздишки неиздишани, соништа неотсонувани, можности пропуштени…

Кога сме веќе кај шансите, имам едно правило во животот. Никогаш не ја пропуштам можноста која ми се укажува, од една проста причина. Не сакам некогаш кога ќе остарам да си кажам себе си, тогаш и тогаш можев да го направам тоа, а не го сторив. Не сакам никогаш во животот да си кажам дека сум имала можност, а сум ја испуштила. Значи зошто да се каам дека не сум сторила нешто, што сум можела. Тие делови го комплетираат мозаикот на мојот живот.

Кога ќе приметите дека околу вас има луѓе кои се како без компас, изгубени, некако недокажани, тогаш знаете дека не се доволно реализирани како личности. Значи фали уште нешто тие да бидат комплетни. Дали е можеби тоа оној сегмент од нивниот живот, оној партнер кој секогаш им помага и никогаш не ги напушта.

Не ми пречи да сум сама во ова неделно утро и да ви ја раскажувам мојата прикаска. Затоа што постои само еден сојузник кој никогаш не ми откажал состанок. ТОЈ, кој е моето второ јас, никогаш не ми откажал ниту верност. Секогаш бил љубезен, страствен, заштитнички расположен. За сите овие години тој бил единствениот љубовник, единствениот партнер, единствениот пријател кој останал со мене.

Единствениот кој не ми попувал, се грижел, ме гушкал, ме бакнувал, ме заштитувал, ме успивал, ме будел … ТОЈ, кој отсекогаш за век и веков бил моја судбина. Оној кој молчеливо ме пречекувал од сите моите патувања и секогаш дозволувал после секоја можност да му се вратам, е исклучиво само мојот град. На него го посветувам овој мал личен есеј. И нема да биде само еден.

Jun 04

На ова ме инспирираа две работи. Првата беше една група албанки кои ги сретнав на Хуманитарниот концерт организиран по повод децата заболени од церебрална парализа. Ми поклонија ташна која радо ја носам, а го има гореспоменатиот наслов. Вториот повод е текстот од Неделно Време.

СТОП ЗА ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ