Jun 06

Ноктите ме болат,
а косата ми расте
побргу од што треба.
Јас ја имам свеќата,
а ти запалката.
Која ја продаде светлината?

Smooth Operator - Talantbek Chekirov

Го поседував морето,
а ти небото.
И ништо не остана запишано.

a pro pos претходниот мој пост

, , , , , , ,

Jun 06

, , , , , , , , ,

Jun 06

Дали ви текнува на розовиот столб што стоеше веднаш до “Кенан”, среде плоштадот, сега т.н. Македонија? Па не сте толку стари де? Не сум сигурна ама сите напори кои ги вложив завршија со тоа дека му припаѓал на киното “Култура” и дека таму порано се огласувале плакати за филмови. Ende.

Пробав да побарам по стари записи, ама освен една статија, кој знае колку релевантна, не пронајдов ништо. Да имал овој столб некакво архитектонско, уметничко, археолошко, историско или било какво друго значење веројатно ќе ја преживеал катаклизмата која му се случи на градскиот плоштад. Но за него е исклучиво поврзана носталгијата на старите скопјани, како и за многу други објекти кои изчезнуваат пред нашиите очи.

,,Во стари времиња” (тоа значи пред 2001-ва) ова место било препознатливо затоа што цело Скопје таму се чекало за во град. А таму, пред столбот, паднале и многу први бакнежи. Знаете ли зошто не го паметите столбот. Зошто веќе го нема. Затоа што ,,златната” градската администрација на градоначалникот Ристо Пенов во 2001 година, без никакво образложение, го сруши. Цвеќарите кои го разубавуваа плоштадот ги пресели отаде Зелен пазар, а и Кенан беше принуден да се дислоцира за да може плоштадот да ни изгледа овака фино и стерилно.