или предлог за читање
Меѓу книгите кои успеав да ги прочитам до мојата 20 годишна возраст (а кои ми оставија несомнено огромен впечаток) спаѓа и ,,Тетка Џулија и пискаралото” – од современиот Перуански писател Марио Варгас Љоса.
На оваа книга се подсетив откако го прочитав постот на Глобус за тоа како латино-американските писатели ги добиваат своите идеи за романите. Додека останатите книжевници мудро и истрајно трагаат по книгата на својот живот, латино-американците просто кажано ги користат сториите од реалниот живот. Ако се земе во предвид нивната страс и темперамент, би се сложила дека навистина имаат ,,голем проблем” со обидот да ги направат да звучат што е можно поверно.











Recent Comments