Кога прв пат налетав на терминов, си помислив дека е некоја зафрканција. Ама испадна дека кокологијата е цело поле на истражување базирано на популарната психологија, па дури поткрепено со веродостојни книги.
Што е всушност кокологијата? Нормално не станува збор за некакво сериозно психолошко истражување, кое завршува со психосеанса. Кокологијата се занимава со проучувањето на “кокоро”, кое на јапонски значи “сознание” или “дух” и вака оддокативно предложува решение на некои прашања како: “Ако си представите дека сте пак дете, какви меурчиња од сапун ќе правите?” или “Каков пејзаж ќе си представите, ако небето над вас е баш сино-плаво?”. На крајот добивате краток опис на вашиот карактер во зависност од добиените одговори, размисли, цртежи и слично.