Jun 23

Дали археолозите најверојатно го идентификуваа најстариот накит во светот?

Трите школки кои припаѓаат на ист род на морски школки познати како Nassarius според археолозите најверојатно ги представуваат најстарите парчиња на накит, изработен од човекот. Нивоата со школки потекнуват од два археолошки локалитета: Skhul Cave која се наоѓа на падините од планината Carmel во Израел, и Oued Djebbana во Алжир. Школките најверојатно биле селективно одбрани поради нивната големина, а потоа биле перфорирани со остра кремена алатка.

Според хемиските анализи на седиментите (она за кое говорев делумно во Основна лекција по археологија ) дел од школките доаѓаат од археолошко ниво на Skhul Cave кое е датирано 100 000 г. п.н.е. Оние пак кои потекнуваат од Oued Djebbana, се датирани на околу 90 000 год. п.н.е., но според типологијата на алатките (читај кремен) со чија помош е направена перфорацијата.

Ако школките се навистина користени како елементи за персонална декорација, тоа значи еден повисок степен на симболичко значење, но и знаци за постоење на култура. Ако некој некогаш се обидел да направи ѓердан, или бразлетна, тогаш знае дека му се потребни илјадници школки за да го стори тоа. Ама ете потребни се само три школки да ги протресат добро темелите за теориите за човековата еволуција.

препорака за читање Основна лекција по археологија

клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , .