Jun 24

Верувањето на луѓето во боговите потекнува од секогаш. Најмногу доаѓа од свесноста и чувството на немоќ дека со својата сила тешко можат самите да се одржат во живот. Од друга страна тука е и зависноста од природните сили како и немоќноста да им се спротистават. Токму поради ова чувство кон природните сили, човекот своето внимание го упатил кон боговите.

Постојано во сите енциклопедии го читам следното:

,,Многу народи во светот имале митологии. Ама… ама по убавина и значење високо се издигнува и сите ги надминува грчката митологија.”

Една од најмоќните религии во стариот свет, грчката вера, не била никаков исклучок и ништо поразлична од другите мал милион религии распостелени по земјината топка. Покажувајќи огромна фантазија, Грците, земјата во која живееле трајно ја населиле со неброени божествени суштества. За да ги направат попристапни не само на духовно, туку и на физичко поле, на сите им дале човечки облик. Практично си ги направиле свој холограмски пандан, само во духовната свера.

Таканаречениот пантеон на грчкиот свет се состоел од дванаесет главни божества. Врховно божество бил богот Зевс, кој на својот престол седел со својата жена Хера. Кругот го пополнуваат Атена, Аполон, Артемида, Арес, Афродита, Хермес, Хефест, Хелиос и т.н. Секој од нив поседувал одередни атрибути и бил препознатлив по своите катрактеристични дејствија. Покрај тоа што имале главни божества кои биле поделени на небесни, божества на водите и подземниот свет, старите Грци имале дури и божества од втор ред.

Е сега. На кое скалило е грчката, а каде е македонската митологија?

За да партиципираме со нашиот дух, секогаш ќе биде потребно, па дури и неопходно понекогаш на археологијата да и се даде една доза на духовна димензија, како што тоа го сториле нашите соседи Грците. Создадоа археологија која потпирајќи се на митологијата ги воскресна во вечноста, иако реалноста вели дека дури и еден Толкин во неговата трилогија ,,Господарот на прстените” успеал да смисли митологија која е поубедлива и ,,држи” повеќе отколку грчката. Зошто тогаш да не смислиме и ние имајќи го во предвид сето наше богатство од најразличен тип? Дури и не мора да ја смислуваме. Taа постои. Само треба да ја запишеме.

Митологијата е книга на животот од која можеме многу да научиме. Книга која ако правилно ја користиме ќе ја подигне нашата општа култура. Книга со чија помош ќе откриеме кои сме, што сме, од каде сме? И нормално, каде одиме…

, , , , , , , , , .

Напиши коментар