Jun 26

Ова е реплика на истоимениот текст на Попек, и еден од можните одговори на поставеното прашање…

СУДАР

Кога првиот пат го видов
не ни се судрија ни погледите.
а го сретнав кога
денот ја бакна ноќта.

Кога вториот пат се судривме,
беше зошто погледот
случајно му залута каде што стоев,
местејќи шнола со облик на пеперутка
во косата на својата девојка.

Кога третиот пат се судривме
беше и повеќе од вистински.
Се судрија две вистини, два света,
но следен пат немаше.

Од тогаш поминаа многу лета
господови,
јас секој ден се враќам
по десет чекори наназад
и скоро секоја вечер го преживувам
истиот судар.

Посветено на *****
, , , , ,, ,

Jun 26

Низ градот чекорев
крај базиликата застанав
во песокот круг нацртав.

Некој ме праша:
,,теос ли е тоа”?

 

 

 

Пројдов крај театарот
седиштата се скаменија
чувствата ги позајмив
скене-то го напуштив.

Продолжив по главната улица
стигнав до библиотеката
боите на градот се сменија
морето замириса.

Од милост или љубов
појдов кон бродовите
Таму каде почнав,
таму го затворив
кругот на световите.

, , , , , , , ,