Jun 26
Низ градот чекорев
крај базиликата застанав
во песокот круг нацртав.
Некој ме праша:
,,теос ли е тоа”?
Пројдов крај театарот
седиштата се скаменија
чувствата ги позајмив
скене-то го напуштив.
Продолжив по главната улица
стигнав до библиотеката
боите на градот се сменија
морето замириса.
Од милост или љубов
појдов кон бродовите
Таму каде почнав,
таму го затворив
кругот на световите.
ancient times, poetry, blog, macedonian, древнини, поезија, блог, македонски, судар