Jul 15

 

„Јас сум таа.

Почивам скрснозе
а колковите ми надтежнале од животворност
и се прошириле толку многу
што се одделиле од мене
и веќе не се само мои и не се само тука.
Куќа цел свет мене ми е.
Токму така:
имам моќ да бидам
на разни места во исто време.

Во постојан дослух со еротиката
на творењето жив, а смртен свет
- се претворам во книга на промените
го менувам името, ги трампам симболите
и приказбите, луѓето ги давам
кастингот го алтерирам
но улогите остануваат!

Мене која општам со духовното
ми приличи световното:
земја и море, Луна и цибрина!
О, каква противречност:
да бидеш жена, начело на плодност
а да носиш негативен, пасивен
предзнак, архетипски минус
ритмични инсерти од
смрт и од живот!

Кој дава, ако не оној кој има?
Кој губи, ако не оној кој има
што да изгуби?

Јас, матрица, матка, матерка,
модра, мадра, мудра матрона
од Другиот свет
(не, овој никогаш не ми бил доволен!)
ти повелам:
влези во морето
не мисли на немоќта
оти никогаш не знаеш
колку ќе издржиш
и во болот, и во ужитокот

пливај до кајшто гледаш
а гледај далеку, секогаш подалеку
јас глаголам задумно на ‘ртот
зборувам на својот мајчин јазик
(о, какво олеснување, каква удобност!)
и сила ти давам
а не утеха!

После ќе гаташ над моите рецки
над испрекинатата линија на судбата
срочена во 64 хексаграми на енигмата

а тој ќе вметнува во ребусот по некоја
права, проста, прозна
и позитивна цртичка.
Машки синопсис!“

Поезијата е превземена од официјалниот сајт на Катица Ќулафкова

Jul 15

Наместо да пишувам цел ферман од коментар кај Оксиморон на темата за Платон, идеите и блогерајов, решив дека е подобра “идејата” да ја линкам и воедно да кажам што мислам.

До некаде се сложувам со мислењето на Платон за светот на идеите, бидејќи идеите иако во својата срж според него се со еден безвременски облик и вечни, токму блогерајот покажува колку се всушност тие менливи и варијабилни.

Платон не предвидел само едно нешто. Можеби и го предвидел ама не го кажал. Светот е создаден од идеи. Идеите се создадени од мисли, а најбрзо нешто што може човек да промени кај себе…….. е мислата. Значи следствено на тоа и идеите се брзо менлива и флуидна категорија и ниту една не е глупа, проста и безначајна.

Една мисла прави имиџ, а имиџот блогери мои .. .е него со пари и да сакате, не можете да го купите. Барем не овдека . ;)

A да и големата мудрост доаѓа на крај

Ако најбрзо нешто што човекот може да промени на себе е мислата…

тогаш што чекате.

Jul 15

Касандра е:

- синдром во психологијата
- составен дел од соѕвездие
- проколната пророчица од древната грчката религија
- вториот крак на полуостровот Халкидики
- лик од Хајлендер
- град во Пенсливанија
- разно

Но Касандра е мит и тоа современ. А митот кој ни наметна одредени стандарди и двојни аршини доаѓа од латинскиот дел на Америка. Овој мит успеа да ги урне сите јазични бариери и овозможи еден досега “заспан” дел од светот да исплива на површина со својата култура и традиција. Мит кој заработи толку многу пари што Холивудските студија почнаа да партиципираат во него со крај цел. Уште поголема заработувачка.

Овој мит ни продава љубов, музика и една филозофија од теле новелите каде (како што вели Бубу) имате воглавном сиромашна, но убава девојка која се мажи за богат човек. Тука е нејзината свекрва и уште по некој член од злобната фамилија. Само Бубу, те молам си го заборавила најважниот елемент од шпанските серии (а воедно и најсветиот) – свештеникот. Немој друг пат да шириш оваква ерес.

Да не сакате уште и тагови да ставам???