Ќе се надоврзам на постот на Кибицер за Сумерското писмо.
За сега, за најстар пишан извор се смета глинената плочка од Киш (Сумер) на чие лице и позадина се наоѓаат врежани сликовни натписи - пиктограми. Тие ги содржат знаците за глава, рака и нога, за сеидба и вршидба и за некои броеви.

На ова писмо на плочки, му претходел ситем на едноставни ознаки врежани на површината од една шуплива глинена кугла. Во неа се држеле мали глинени знаци кои представувале различна роба (кози, овци, грнчарија итд). Можно е Сумерците и предxодно да имале слично рудиментирано писмо напишано на органска материја, но за жал тоа не е сочувано.
Исто така постои веројатност Сумерците да не го измислиле први писмото, туку да го превземале од некој постар, се уште неидентификуван народ кој ја населувал Месопотамија пред нив.
Зошто? Затоа што во Тартарија (Трансилванија-Романија) откриени се слични плочки со скоро идентични пиктограми кои по C14 датирањето се покажале постари од оние во Киш. Некои научници почнаа да ја форсираат теоријата за настанок на писмо во оквирот на Винчанската култура.

Но…
Како стојат за сега работите, без обзир дали ќе се докажат или не почетоците на писменоста кај Винчанците, сигурно е дека Сумерците биле тие кои го развиле и потполно го усовршиле појмовното писмо, за на крајот да го претворат во систем на знаци со се поизразени фонетски карактеристики.
Mesopotamia, Sumer, Kish, alphabet, tablet, pictogram, Romania, Tartary, Carbon-14, Vinca culture, Vinca alphabet, Месопотамија, Сумер, Киш, писмо, плочка, пиктограми, Романија, Тартарија, радио-карбон датирање, Винча.











Recent Comments