Jan 05

Коледе леде
паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
со четири јајца
гускини, шаткини.

Денес е Коледе,
утре е Божиќ
ќе колеме теле
теле вика леле
не колете мене
ќе ви купам зеље
да месите пита
да јадете сите.

Коледееееееееее…

Како и секоја година, за овој ден мојот ритуал е однапред одреден. Вечерва прво одам кај еден мој пријател на роденден, потоа одбираме место каде ќе се придружиме за палење на огновите, секое утро на 6 јануари сум ненаспана од поминатите коледари и потоа доаѓа мојот натопол ден во годината – Бадник.

А да ќе заборавев…одамна не месам пита со паричка дома. Ја купувам во Жито Лукс. Епа нели сум сајбер домаќинка на 21 век де… :) )))

За многу години да се празнициве, нек се угодат :)

1 Коментар на “Коледе леде…”

  1. Ivan Bardov Напиша:

    Што традицја имаме, жив срам. Каква песна(се мисли на коледарската) е ова луѓе!!! Ова телево на крајот од песната најпаметно е изгледа.
    Ме копка како се сочувало до денешен ден нешто така глупо како коледе. Паганско, непаганско, не е ни битно, туку не ми е јасно како родители, баби, дедовци еднаш не застанат да размислат за стиховите, за смислата, содржината на тоа што се пее, и згора ги учат своите деца и внуци истото да го пеат по куќи. Како нешто мудро не запамтиле и пренеле од дамнина до денес.
    Да додадам. Истите тие родители подоцна најревносно месат или купуваат лепче со париче, и најчесто паричето му се паѓа на детето што највише се дерело утрината или на суртукот шо најмногу испил претходната вечер крај огнот.
    ПС: Немам ништо против пеење по куќи, традиција, игри, ама барем трошка здрав разум да имаат !!
    А ова испаѓа како да се радуваме на тоа што сме дебили, или плашиме некого со нашата глупоќа, или пак глумиме лудило зошто некој друг не плаши. Поентата ми е: ако размисли човек, сигурно не би прифатил ни едно од овие објаснувања како дел од традиција вредна за почитување.
    ППС: А на многу им е смешно што во Камбоџа им даваат “грди“ имиња на децата кога ќе се родат како на пр. свиња, тенџере и сл. за да не бидат примамливи за злите духови.

    “Ана Марија, Бисера, пазете да не ви го земе некој паричето vsv камбоџанската традиција и нашите современи тенденции да позајмуваме.
    Ја денес толку многу се дерев по дома така што конечно после 20ина години го добив/заслужив.

Напиши коментар