Jan 23

И јас како и многумина имам потекло раскринкано на сите страни, но горда сум на секоја капка крв што ја носам во себе. Или да си ги конвертирам сопствените зборови: “Мојата фамилија е како хард-диск која со текот на вековите апсорбирала кодови кои ги вткала во сопственото наследство.” А дел од тоа наследство сум и јас.

Се започнало од профаната верзија на оваа црно-бела слика. На неа се наоѓаат мојата прабаба Фанија и нејзиниот сопруг Сотир (од мајчина страна). Сликата со локација во Тетово датира од 1923 година, кога мојата прабаба останала вдовица со две деца, и имајќи ја сличната судбина како мајка му на Волан, за да може да преживее се премажила. Мажот со себе исто така донел две деца.

Едниот од нив, како љубела да кажува мојата прабаба бил прероден син (значи донесен) кого таа го одгледала како свое дете. Борис Георгиевски беше многу умен човек. Можеби навидум сосема обичен чиновник, уште на времето како млад го имаше прошетано цел свет и го добил во презимето додатокот -(х)аџи. Многу помагаше на сиромашните и откако се пензионира, скоро секој ден волонтираше во црквата Св. Петка во Скопје. Од него ја наследив љубовта кон црквата, иконите и религијата. Беше многу речит и знаеше со саати да седи и да ни раскажува прикаски, свои доживеалици и искуства.

Мојот вистински дедо почина. По неколку години почина и дедо Борис. Дури кога умре јас дознав дека тој и не бил мој вистински дедо.

Дали мислите дека секогаш фамилијата има врска со кодот, или тоа понекогаш е и љубовта?

2 Коментари на “Нешто околу мојата фамилија”

  1. волан Напиша:

    Не е најважно чиво е детето – поважно е кој се грижи за него. Кој му ја всадува љувовта и воспитувањето. Кодот на воспитувањето се пренесува највеќе преку родителите и блиските роднини, за да потоа продожи преку другарите, улицита и образованието. Секако е важна околината со која професионално се дружиш. И виртуелното пријателство го оформува твојот културен код.

  2. » Личен код (идентитет), кодот на нашата душа волан Напиша:

    [...] за овој пост најдов тука, поточно во прашањето Дали мислите дека секогаш [...]

Напиши коментар