Jan 29

Ако тишината е моќна алатка помеѓу љубовниците, тогаш како ќе научиме да зборуваме. Ако љубовта е секс и ако треба да заведуваме молчејќи, што ни преостанува? Каде се тогаш зборовите тоа да го запишеме. Зошто незапишано-неслучено.

Постојат многу вируси на светов. Но најголем од сите е човечкиот “,јазик”. Во светот на тишината тој е бепомошен. Но во светот на говорот, ,,поганиот” човечки јазик е помошно средство. Kаде поминува и траг остава, таму повеќе ништо не битисува.

Дали на човечкиот род треба да му се забрани да пишува, за да…?

Jan 29

“Во понеделник во 12:30 одиме во Генераторот. Таму ќе ја завршиме работата.”

“Добро” – реков.

“Само да знаеш дека можеби ќе потрае повеќе од еден час.”

“Тоа не е ништо. Јас последниве девет месеци поминав низ пекол. За уште еден саат ќе издржам.”

Потоа повеќе не се сеќавам дека можев да гледам. Само на почетокот забележав како точките пред очите забрзано ми мигрираат. Ги ловев мислите, но тие се распаѓаа со брзина поголема од онаа на крлушките од рибата кога се преслекува.

“За воља на вистината, и мене ми недостига понекогаш.”

“Не е тоа баш секогаш.”

“Но еве токму сега, е тоа понекогаш.”

 

Ме смрзнаа зборовите. Згора ништо не гледав. Од анестезијата. Си мислев што треба во тој момент да ми биде анестезирано за да издржам – погледот или срцето.

Уф, јас сум колекционер на воздишки. Со теков на годиниве доволно умешно ги собирав и доволно уморно се чувствував. А ѓаволски е тешко се што имаш во животот да сакаш еднаш. А се што сакаш да го изгубиш два пати.

Паметиш ли дека јас ти го дадов секој дел од мене, кој беше мал дел од нештата. А нештата беа мал дел од светот. А светот… А светот го имаше ти, во твојата дланка.

Целиот мој мал свет.

———————-

Мислам дека дури тогаш заспав.

01:20
29.01.2007

All that is not given, is lost…forever.