Feb 28

Покрај Мајкрософт кој продолжува да не фиромизира со Вистата, очигледно дека фан на таквото етикетирање е и седиштето на UNESCO. Навистина не го очекував ова, па немам ни некој прикладен коментар за ваквото ептен неприкладно однесување за организацијата која се труди да го заштити културното наследство во светот.

Или можеби UNESCO го заштитува културното богатство само на FYROM, ама не и на Македонија.

Feb 27

За само еден и пол век, направен е огромен скок во науката. На почетокот археолозите се изедначувале со мечтатели, томб рајдери и авантуристи. Денеска тоа се генетичари, молекуларни биолози и форензичари.

Што е вистина, а што реалност? Постојано велам, можеби звучи сурово меѓутоа археологијата се базира на факти кои како верижен ланец се продукција на физички докази (читај најразлични датирања). “Археологијата бара факти… а не вистината. Ама не било какви факти, туку арт-е-факти. А кога сме кај вистинската реалност се поставува прашањето, дали отсуството на докази е доказ за отсуство? На идентитетот…како што некои го бараат.

A propos мојот претходен пост, национализам во археологијата значи една идеологија која потпаѓа во категоријата друштвено-ангажирани дневно-политички трки на кратки патеки, со многу пречки. Во XXI век т.н. ангажирани археолози се обидуваат од културното наследство да направат добар маркетинг, па честопати ја употребуваат историјата како оправдување за се, што е поприлично опасен потег и пред се погрешна перспектива на работите.

Норвешкиот археолог Bjørnar Olsen кој се занимава со теориските перспективи на археологијата, во својата книга од Предмет до текст (стр. 245) има кажано:

,,Да се открие дека минатото не одговара на нашите норми, дека е одвратно или едноставно сосема различно, може да биде добра лекција. Тука спаѓа и делот од нашата одговорност како историчари и археолози да ги избегнеме искушенијата за да создадеме комфорно минато. Ние не треба на никого да му се допаѓаме”.

Мојата работа не е да бидам пристрасна, да ги прикажувам само работите кои мене ми одговараат, да ги обработувам само наодите кои се ексклузивни или одат во прилог на некоја теза и да манипулирам со податоците. Во богатиот и колоритен свет на визуелната перцепција, јас сум само една алатка во методолошката постапка при детектирање, откривање и евидентирање на културното наследство кое му припаѓа на целиот свет. Затоа мојата работа не е да ви се допаѓам на вам, ниту на било кого. Мојата работа е да бидам археолог.

Feb 26

Еве веќе некое време сум во Словенија, во Љубљана. Дојдов како размена помеѓу Европските универзитети, и ќе останам уште некое време.

Благодарение на моите ментори, некои луѓе кои ги знаев пред тоа, а и моите колеги од факултетот, добив малку поинаков впечаток отколку еден обичен турист. Секоја чест на поединците, но Словенците како нација се навистина ладни, еднолични, досадни и претежно намуртени. Понекогаш имам чувство дека се смеат само на рекламите на телевизија.

Се средено и стокмено шо ме факаат језиви напади. Толку е хипонодриски чисто, како да се наоѓаш во некој музеј. Но ако се земе во предвид дека Љубљана има само 280 000 жители, од кои половината се студенти кои за викенд си одат дома (а и мештаните исто така шетаат), ќе ви стане јасно дека практично нема ни кој да ја испрља.

За толку време колку што сум овдека, не видов ниту едно дете, ниту едно куче. Не можеш ни просјак да видиш. Да сакаш некому да поклониш пари, треба да се одвлечкаш до првата црква. Еееејјј, дури ни просјаци немаат. Или јас не ги гледам.

Инаку Словенците се како програмирани. Асли 84 на Орвел. Следат правила и прописи, и не отсапуваат од тоа. За разлика од нас иако имаат пари ретко да се сретне некој што знае да ужива во животот.

Иако ги доживувам како една крајно авангардна, но прилично интровертна нација, дури кога ќе дојдете во овакви земји кои се богати, имаат висок стандард на живеење и наметнати вештачки правила, ви станува јасно зошто во најбогатите земји во светот е најголем процентот на самоубиства

Се е толку тивко, а во викендите е дури и потивко. Монотоно и досадно. Да ви кажам ми недостига гужвата, буката, нашиот темперамент. Најмногу ми недостигаат пријателите, присноста на луѓето и би рекла сонцето. Овде е мрачно и мрак ме обвива и темна мгла земја покрива.

А ми недостига и блогирањето и моите блог пријатели. Но дојдена сум по работа која морам да ја завршам. Сепак ќе се потрудам одвреме навреме и по нешто да пишам.