Feb 17

Дали би сакале еден ден од животот да го поминете под маска? Да шетате така низ градот, неговите улички, да седнете на кафе на плоштадот, да се измешате со илјадниците луѓе и да флертувате без да бидете препознаени. :)

Еден од популарните настани во светот кој ви дозволува да бидете личност за која само границите на фантазијата се лимит, а притоа да останете анонимни, е Карневалот во Венеција. Според официјалниот саjт, историјата на оваа прослава веројатно е многу поранa од првиот пишан податок кој датира од 1268 година. Во текот на своето постоење, само во два наврата се случило да не биде одржан настанот кој оваа година покрај другото, одбележува 300 години од раѓањето на Карло Голдони, венецискиот драмски писател.

За Карневалот е кажано многу, исто така напишано поприлично, и покрај тоа што може да се видат маски со најразлично потекло, сепак одстанува фактот дека убаво би било секој од нас автентичноста да ја почувствува лично. И да го разбуди можеби паганското во себе.

За презентацијата која е од 2006 година му благодарам на мојот пријател Алеш од Словенија, и воедно ја користам можноста да го поздравам него и неговата фамилија.

Carnival of Venice

Напиши коментар