Mar 25

Се шетав низ дрвјето
а од срцето на врелиот ден
воздишки испаруваа.
Доволно угоре се качуваа
и цветовите мангови ги бакнува.

Сетив кога една таква
пројде покрај мене,
ме допре како ветре и продолжи
да талка бесшумно крај бреговите.

Како ли изгледаат сенките
на еден корал или една роза
во прегратките на ноќта
без месечина.

Ако посакам да те имам за еден момент
ќе те изгубам за цела вечност


и подобро да оставам модринка
на дрвениот контур од прозорецот
каде спокојот наш ќе биде обликуван
од сенките на староста
што полека доаѓаат
со трагите на времето.

Mar 22

Ми рече те прстенувам
но во затишјето на твојот ладен поглед
упати мамка
што ја одложува иднината.

И додека јас кроев микрокосмос
од тактилност и светост
со мобилни мисли и состојба
на променета свесност…

Ти,
со аманет ме помилува
со чекор ме испрати

ме одложи, ме положи
ме следеше.

А јас те молев
во Documenta presenta

за да не се оддалечувам
и на само еден чекор од тебе
цел свет да создавам…

одведи ме
затвори ме
поклопи ме

и уште еднашка
отсонувај ме.

Mar 05

Бев почестена што мојот пријател Зоран Попоски пред некој ден ме покани на отворањето на неговата нова иѕложба во Мала Станица на 6 март 2007 во 20 часот.

Јас за жал нема да можам да појдам бидејќи сум во Словенија, но знам дека некои од вас ќе уживаат во неговите дела. Епа, среќно и со успех нека му е изложбата.


Додаток – За повеќе информации одете на следните линкови:

 

www.zoranpoposki.blogspot.com
www.poposki.bravehost.com
www.absolutearts.com/portfolios/b/blumzberi/
www.artnews.info/artist.php?i=1398
www.saatchigallery.com/yourgallery/artist/details.php?id=3980
www.art.com/memberartist/Zoran_Poposki