Apr 27

Ова е еден од почитаните постови на мојот предходен блог, кој одамна во скратена форма го поставив на Википедија. Ако некој има нешто да дополни, слободно нека допише во коментарите.

Музејот на Сoвремена Уметност во Скопје

За разлика од другите постови, овдека имам намера да се позанимавам со една институција чија драгоцена меѓународна колекција и репрезентативна национална збирка на дела, успеа да неметне нов имиџ во представувањето и толкувањето на современата ликовна уметност.

План на зградата План на зградата

Идејата да се создаде Музеј на Современата Уметност во Скопје (понатаму МСУ) датира многу време пред катастрофалниот земјотрес од 1963 год. Но до нејзино реализирање доаѓа кога Собранието на Град Скопје на 11 Февруари 1964 год. дава одобрение за неговото основање. Особено треба да се спомене влијанието и солидарноста на уметниците од целиот свет после веќе споменатат катастрофа.

,,Скопје не смее да остане само репортажа од насловните страници, туку и обврска на сите нас, на сите луѓе кои денес-утре, по сличноста на некоја катастрофа, можат да станат скопјани“- Алберто Моравија, 1963

Ханс Хартунг, Т-1962-РТ, 1962

,,Скопје не е филм, тоа не е трилер во кој го настеуваме главниот настан. Тоа е концентрат на човековата борба со природата, но и резултат што вдахнува за нова борба, а не за прифаќање на порази” – Жан Пол Сартр, 1963

Зградата која се наоѓа симпатично вклопена во пејсажниот амбиент позади Скопското Кале е пример на архитектурата на доцниот модернизам. Проектот е донација на полската Влада, која за оваа цел распишала национален конкурс, a представува заедничко дело на полските архитекти: Јежи Мокшински, Еугениуш Вјежбицки и Вацлав Клишевски, кои победиле на тој конкурс.

Пабло Пикасо, Глава на жена, 1963 Александер Калдер, Црвен Полигон, 1961 Виктор Вазарели, ИОЛ, 1958

Колекцијата на МСУ содржи две сегмента : меѓународен и национален, со преку 4.640 дела од над 1.680 македонски и странски ликовни уметници и склуптори, од вкупно 61 земја, кои имаат непроценлива вредност. Меѓународната колекција, една од најголемите на Балканот, ја сочинуваат збирки на дела од уметници кои припаѓаат на земјите од ex-Југославија, Европа, САД, Јужна Америка, а најголеми се збирките од Бразил, Италија, Полска, Франција и Хрватска. Дали сте знаеле дека во збирката има оригинали од: Pablo Picasso, Alexander Calder, Petar Lubarda, Victor Vasarely, Andre Mason, Fernard Leger, Hans Hartung и многу други, како и склуптури од Robert Adams, Richter и Jan Stursa.

Лазар Личеноски, Афиони, 1955 Петар Мазев, Курбан, 1978

Националната колекција чија цел е да го представи развојот на модерната македонска уметност, од нејзините почетоци до денеска, вбројува дела на реномирани уметници како: Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димитар Пандилов, Јордан Грабул, Петар Мазев, Анета Светиева и многу други.

Ордан Петлески, Македонско село, 1957

Колекцијата постојано се надополнува со нови подароци и донации од реномирани уметници, кои се добиваат во директен контакт со авторите и сопствениците по повод реализација на одделни изложбени проекти. Покрај колекцијата, МСУ во своите простории организира изложби, манифестации, трибини, филмски проекции, предавања, а внатрешниот амбиент на просториите овозможува и некои поинакви урбани збиднувања како свадби и журки.

Во продолжение нема да ви оставам никави линкови, туку едноставно ќе ви предложам да се спремите, да отидете да го посетите музејот и да видите дел од богатството кое тој го поседува..

Apr 22

Почетокот на овој ден традиционално се започнува со ѕвонењето на Ѕвоно на Мирот, кое секоја година се огласува на овој ден. Усвоен како таков, Интернационалниот Ден на Земјата, се слави насекаде низ светот.

Само во ОН има мало изместување и денот почнува да се слави на 21 Март. Ова се случува затоа што на 26 Фебруари 1971 генералниот секретар на ОН потпишал декларација и во времето на еквиноксот заѕвонило Ѕвоното на Мирот во седиштето на ОН во Њујорк.

Џон МекКонел (John McConnell) прв ја вовел идејата за глобалниот празник наречен Ден на Земјата на конференцијата на UNESCO за животната средина во 1969. Истата година го дизајнирал и знамето.

Дeнот на Земјата е создаден да не потсетува на нашата одговорност за планетата на која живееме.

Подзастанете, вдишете водзух. Една минута мир за вас, една минута мир за Земјата на која живееме веројатно значи многу повеќе отколку сите тие агресивни кампањи за нејзиното спасување.

Apr 19


кликни на сликата за влез на журката

Да не кажат после дека информациите ги објавувам во 5 за 12. ;)