Apr 14

Вагам
мерам
се нагодувам…
живо наследство
продавам.

Јас сум добар трговец
на зборови.

Купувам
продавам
одземам
додавам.

Премерувам
одмерувам.
На кантар
глаголи, именки, придавки
ставам.


А во мојата душа
заменките ги оставам
да се наталожат и
ферментираат
во глас каде
секој збор е
подвлечен
за да остане
вечен.