May 30

Солзи од вино
не знае за студенило
да
црното сака собна температура
а јас сакам црно
тешко
темно
аголов каде се скрив
да наздравам
нема за што
ќе спијам
лажев
пиев за мене
мислев на тебе
чисто
другарски
се скрив
плачев
со солзи од вино
ги нема
тоа виното ги стопи
во стих
на собна температура
замижав и те бакнав
во градата
другарски
сега пак пијам
не кажав
пишав

не плачи

homemade by Рибаро

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , ,

May 29

Во организација на Студенстката организација ЕГЗОДУС, во соработка со НВО ТАЛАНТ, во Вторник 29-05-07 со почеток во 19:00 часот во просториите на ТАЛАНТ (мапа приложена подолу), ќе се одржи Предавање “За Хералдиката” од Јован Јоновски, Хералд на Македонското Хералдичко Здружение. На предавањето ќе се запознаете со хералдиката и принципите за изработка на грб, кои ќе можете да ги употребите во работилницата “Изработка на грб” која ќе следи веднаш по предавањето.

 превземено од блогот Хералдика

May 28

Денеска некако ми тргна со афирмација на македонското културно богатство. Во овој случај се работи за статијата на Катерина Богоева од Утрински Весник насловена како Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ држи чекор со времето.

 

Значи сепак ако се сака, може да се пишува и вака. :)

Линк до статијата


Препорачани линкови:- Манастир на свети Јоаким Осоговски – Крива Паланка
- Мeѓународна ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“
- Чествување на македонските светители, испосници и исцелители
- Останати статии од весници и блогови преки – Најди