May 19

Тагата ми стана научен проект
a oд мојата болка испарија
облици со боја на зрело грозје
и во ноќта опојно мирисна
во воздухот ритмично кружеа.

Ден во кој клепките паѓаа
и уморот не се чувствуваше…

Ѕидовите ги исцицаа емоциите
а на моите усни се пресликаа
одблесоците од догорчињата.

Среќата моја изнедрена
во поднебје на јужните краишта
зреена, од времето заборавена
во светот на немите симболи
како сведок беше пресликана
на сенката која утринава
од мојот дом замина.