May 19

Тагата ми стана научен проект
a oд мојата болка испарија
облици со боја на зрело грозје
и во ноќта опојно мирисна
во воздухот ритмично кружеа.

Ден во кој клепките паѓаа
и уморот не се чувствуваше…

Ѕидовите ги исцицаа емоциите
а на моите усни се пресликаа
одблесоците од догорчињата.

Среќата моја изнедрена
во поднебје на јужните краишта
зреена, од времето заборавена
во светот на немите симболи
како сведок беше пресликана
на сенката која утринава
од мојот дом замина.

3 Коментари на “Елегии од една помината ноќ”

  1. angel4ee Напиша:

    dobra e pesnata a moze uste nekoja da smislite? ♥♥♥ blagodaram

  2. srna Напиша:

    daj napisete uste pesni

  3. sofcheto Напиша:

    mnogu e ubavka pesnata a mose poveke

Напиши коментар