May 22

,,Скопје не е филм, тоа не е трилер во кој го насетуваме главниот настан. Тоа е концентрат на човековата борба со природата, но и резултат што вдахнува за нова борба, а не за прифаќање на порази

Жан Пол Сартр, 1963

Текстот кој еднашка веќе го постирав во контекст на Музејот на Современата уметност во Скопје, си најде место и на оваа слика во палета на топли бои.


кликни на сликата за зголемена резолуција

Цобе, фала ти. :)

May 22

Познатиот сликар Клод Моне (Claude Monet) бил болен од катаракта на очите, а Едгар Дега (Edgar Degas) од заболување на ретината. Резултатот од методите кои ги употребиле неколку доктори за да ги симулираат ефектите од овие болести, ги публикувале во специјализираното месечно списание за медицина Archives of Ophthalmology. Се работи всушност за истражување преку кое може подобро да се резбере со што се соочувале во животот овие двајца сликари и како тоа се одразило на нивната уметност. Доколку не ви се отвара текстот во списанието, можете да ја консултирате соодветната статија во TIMES, како реакција на ова истражување.


Лотосите на Клод Моне