May 27

Во овој пост би сакала да ви го посочам блогот OUP. Конкретно, се работи за официјалниот блог на Oxford University Press кој стартуваше во јули 2005, а од минатото лето за него е задолжена Rebecca Ford.

Поделен на категории, во чии рамки има под-категории, верувам дека секој од вас ќе пронајде нешто што би го заинтересирало. Надополнувањето е брзо, сајтот е прегледен, и има сопствен пребарувач. Со секоjдневни коментари за најразлични теми (не само за книги), овој блог е невиден извор на линкови во блогосверата, кои можат да ви послужат за информирање, забава, учење и референца за некое понатамошно истражување.