Jun 29

Имав некако потреба да ја споделам со сите вас информацијата до која дојдов преку блогот на Pics, links & video clips. Се работи за web site-от на Хотелот Fox во Копенхаген кој во моментов претставува едно од највозбудливите и најкреативните места во светот.

Објектот (чие уредување за повод го имаше лансирањето на новиот Volkswagen Fox 21) беше мета на 21 интернационален уметник од областа на графиката, урбаната уметност и илустрацијата каде секој од нив остави свој индивидуален печат. Хотелот може да се пофали со тоа што секоја соба представува мало уметничко ремек-дело со стилски карактеристики кои зафаќаат дијапазон од уличната уметност, па се до Japanese Manga и разни стилистички форми на орнаменти.

 

За уметниците кои ги имаат дизајнирано собите може да се прочита по кратко инфо за нивниот background од областа на уметноста, вклучително сосе линковите кои водат до нивните web страници.

Не дека Копенхаген е град кој нема што друго да понуди. Напротив. Но, верувам дека до сега ретко кој имал шанса да види овакво нешто, а уште помалку да ужива и да преспие во него.

И не за друго. Ама ептен изгледа ултра урбано :)

Линк: Hotel Fox


Овој текст беше поставен на Кајмак.от од страна на корисникот ribaro. За статијата можете да гласате тука.

p.s. За Hotel Fox и неговите дизајнерски соби можете да прочитате и на Сајтот 365.com.mk.

Jun 29

 , , , , , ,

Jun 27

Празни зборови

, , , , , , , , , , ,