Jul 04
Те барам по сртот на ноќите
во долините на немирот
и падините на спокојот.
Со грст сонце во дланката
отисок на перницата
и сонлив поглед низ призмата.
А ти скриен меѓу тајностите
од мозаикот на животот
во колажот од боите
и симфонии од звуците…
Ма правиш да се чувствувам
како почетник…
кој ја листа
книгата на љубовта
во која се опишани
чувствата на заводливост
и бавното тонење
во вечниот заборав.











Recent Comments