Jul 04

Еден абстракт од небото во еден трактат за исечоците, и те губам во недоглед, низ органската структура на врелиот асфалт. Ти си јавач на облаци, но дали мислиш дека е уметност, да се фрлам во потрага по тебе, низ бетонските вијуги. Топлина, жештина, полусон ме убива. Луните се сменија. Јас бев таму. Ти читаше. Клепките ми паѓаат. Инстант демант наликува на тебе. Но сепак нема да заборавам, како солзите од роса, во тоа утро ги капеа латиците.










February 23rd, 2008 at 12:25 pm
Урбана љубовна приказна која ги омекнува асфалтот и металните конструкции околу нас
March 23rd, 2009 at 8:52 pm
небо и асфалт, конструкција на напишана книга со капки роса, ем транспаренти, ем портали. патници по електричната скала. стоиме, а всушност одиме.