Aug 21

Познавам многу луѓе. И богати и сиромашни. Но ,,богатството” е релативна категорија, во зависност како гледате на тоа. Така на пример јас работам со бесценети работи за кои во материјалниот свет не постои вредност или таа е само приближна.

Често слушам како луѓето зборуваат:,,Абе животот би ми бил подобар, ако..” Епа тоа ако е решение на целиот проблем. Значи проблемот е внатре во менталниот склоп. Ако верувате дека можете подобро, зошто тоа не го сторите?

Зошто верувате дека не заслужувате подобар живот?

Се е до нас, и до нашиот мозок. Ако ние самите не се убедиме дека заслужуваме подобро, веројатно нема да ни помогнат ниту милон долари да го смениме својот начин на живот. Има навика, има и одвика. Но најтешко е чинам човек да се навикне на своите мисли.

Мислите се тие кои го движат светот. Постојано велам дека најбрзо нешто што човек може да промени на себе не се навиките, туку мислата. Но тоа најбрзо за некои луѓе не значи и – најлесно.

Се што ќе помисли секој човек во својот внатрешен свет за себе, едноставно се пресликува во реалност. Нашата желба за ,,богатство” многу зависи од личната перцепцијата на работите, но пред се од мислите. Човекот постојано мисли, дури и кога не мисли дека мисли. Треба да биде свесен за своите размисли, бидејќи и покрај се ниту една мисла не е глупа, проста и безначајна. Но од друга страна:

Ако најбрзо нешто што човекот може да промени на себе е мислата

тогаш што чекате.