Sep 27

Додека седев со моите колеги на кафе после напорниот ден, едноставно се стрчав кон плажата за да направам фотографија на зајдисонцето кое велат дека во Задар е посебно. Дури кога стигнав дома видов што сум сликала. Бидејќи не сум експерт за дигитална фотографија, ништо посебно не местев, ниту дополнително ја обработував сликата во фотошоп.


кликни на сликата за поголема резолуција

Добро, можеби и не е најубавото зајдисонце на светот, но за мене е доволно убаво да ми ги врати спомените од прекрасните моменти поминати во Задар на годинешниот собир на Европските археолози.


Овој пост е достапен и на англиската верзија на мојот блог.