Oct 13

Во вакви метафизички и надреални денови како овој денеска, кога очните капаци ми тежат како облаци без дожд, ме фаќа некоја притаена меланхолија.

Дури и визуелната перцепција ми е некако намалена. Кога некој без прашање ќе се инсталира во твоите мисли, а ти ќе дозволиш во нивниот внатрешен ток да се наметне расправа со зборовите кои јадат емоции, ќе сватиш дека ти се намалува интерактивноста со самиот себе. Друг ја наметнува дискусијата, а ти така апстрахирано седиш и го следиш филмот кој се одвива без твоја режија.

Потоа долго време не се гледав. Се оддалечував, како сенка се отттуѓував. Се прашував дали постојат мисли кои не можат да се спознаат. И дали оставаат печат на мојата душа без да ги препознаам.

Единствен начин да продолжам да живеам, е ако на некој начин умрам. Има разни начини на умирање. И на сеќавање. Колку начини на сеќавање постојат за некој човек????

World without end remember me.
East. The edge of the world.
West. Those who came before me.