Oct 16

Ниту еден човек не е сам за себе на овој свет. Сите сме ние дел од континентот, дел од земјата и ако морето однесе грутка земја од копното, тоа само навидум ќе биде полесно. Всушност однела еден огромен рид на кој секој од нас кога ќе се качи на врвот слуша како бијат камбаните. Само за него.

Немам воља за ништо денеска откако ја слушнав веста за смртта на Тоше. Нека му е лeсна земјата, а на неговата фамилија и го изразувам своето сочуство иако е ова премалку за страданијата кои тие ги доживуваат.

За некои луѓе како да НЕ постои господ. Да не поверувам дека толку мил човек роден под таква ѕвезда ќе си замине.

Навистина немам што да додадам …Sad

Вечна му слава!!!

Taгови: , , , , , .


Книга на жалост, за изразување сочувство:

http://tose.krusevo.gov.mk/

Страница на спомени и сеќавања:

http://tose-proeski.memory-of.com/


Благодарност до Новица кој ја постави комплетната дискографија на Тоше на интернет. Кој има желба, торентот може да го симне тука.

Oct 13

Во вакви метафизички и надреални денови како овој денеска, кога очните капаци ми тежат како облаци без дожд, ме фаќа некоја притаена меланхолија.

Дури и визуелната перцепција ми е некако намалена. Кога некој без прашање ќе се инсталира во твоите мисли, а ти ќе дозволиш во нивниот внатрешен ток да се наметне расправа со зборовите кои јадат емоции, ќе сватиш дека ти се намалува интерактивноста со самиот себе. Друг ја наметнува дискусијата, а ти така апстрахирано седиш и го следиш филмот кој се одвива без твоја режија.

Потоа долго време не се гледав. Се оддалечував, како сенка се отттуѓував. Се прашував дали постојат мисли кои не можат да се спознаат. И дали оставаат печат на мојата душа без да ги препознаам.

Единствен начин да продолжам да живеам, е ако на некој начин умрам. Има разни начини на умирање. И на сеќавање. Колку начини на сеќавање постојат за некој човек????

World without end remember me.
East. The edge of the world.
West. Those who came before me.

Oct 12


Дотрча,
во просторот помеѓу
изненадување остави
и отрча
оставајќи ме да сонувам
со очи отворени.