Nov 16

Денеска е шеснаесетти Ноември.

Се подлабоко навлегуваме во есента. Во секој сон, во секој дом, многупати доживеана и отсонувана, секоја година е поинаква. Ми предизвикува есенција од чувста да се прелие во мене, исто како боите на божилакот. Ја сакам. Создадена е за приказни. Кога за другите е меланхолична и врнежлива, за мене е бесконечно инспиративна.

Знам дека многумина ја доживуваат есента како тмурна, депресивна и осамена. Секое утро како се симнуваат степените целзјусови, се снижува и нивното расположение. Но гледајте вака на тоа…

Есента може да биде прекрасна и возбудлива. Посебно есента во Скопје. И неодоливо романтична. Има толку многу љубовни стории, и не ми е јасно зошто мора да постои ,,филм” од типот на Есен во Њу Јорк, а не и Есен во Скопје!!??

Зошто паметиме случки, а не ја паметиме есента?

Ако би побарала упатство за употреба на годишно време, би го нашла во есента. Не само затоа што сум родена во длабока есен, туку затоа што ми одговараат нејзините бои, облици, природна хармонија и елегантнo благородно винородие. Гете направил грешка барајќи ја во жената. “Ако воопшто постојат убавина, љубов и совршенство, тогаш со право тие треба да се побараат во една есен.”

Ги сакам сите годишни времиња, ама некако есента најмногу ме смирува. Полу влажните улици, шумолењето на дождот и многубојните шушкави лисја под нозете. Есента е период кога мојот град е во постојано променливо доживување. Ме потсетува на ,,некоја” слика од Мондријан. Како се менува изгледот наметнувајќи ново руво, така се менува и светогледот за мојот град.

Сакам и кога е ладно. Кога чекорам по мојот кеј, кој за мене е стално о`кеј. Кога талкам по слепите стари улички барајќи дел од загубената архитектура на старо Скопје. Кога ми смрзнува носот, а јас во фишек на клупа јадам печени коштани.

Сакам многу работи во есен, а те сакам и ,,тебе”, есен моја.


текстот е репринт (1,2)

Nov 16

Кога ја отворив статијата за Романија на слободната енциклопедија, мислев дека написот е извандализиран бидејќи во моментот најмалку 53 јузери беа банирани со пристап до неа. Си помислив дека паролата: Историјата ја пишуваат победниците треба да се преименува во нешто за што Оскар Вајлд би рекол:

Anybody can make history. Only a great man can write it.

Но според корисниците на Uncyclopedia сите ние спаѓаме во категоријата на победници. This ts the best short-cut out of bad mood. And I really love it. Според оваа енциклопедија

- 65 Million and 1 Day B.C.: Macarena Song is Invented by a Plesiosaur.
- 4000 B.C.: Chuck Norris arrives from his contest with God. He then promptly screws the Earth.
- Тhe full name of our country is now Tcfkatfyrom (The country formerly known as the former Yugoslav Republic of Macedonia) :))))))

После само два прочитани реда од било која статија секако дека немa да останете рамнодушни и тажни. Ма каков и да бил вашиот ден. А инаку можете и да се придружите на групата корисници кои сметаат дека Wikipedia не е доволно добра, бидејќи само се чини дека таа ја пишува коректната вистина.

Линк: Uncyclopedia – the content free-encyclopedia


Е сега нешто посериозно:

Зошто ги форсирам интернет и блоговите. Блогот е форма која ја сакам зошто ја запишува сегашната историја. А истовремени истории има онолку колку што има луѓе на планетава земја. Порано немало блогови, а на луѓето им било недостапно знаењето за глаголењето и придобивките од неговото запишување. Па во присуство на записи кои селективно третираат историјат, мислења или податоци само за видни личности, немаше денеска да се соочуваме со дупки во колективната меморија на човештвото.

Блоговите се најдобрите етнографски белешки, подобри и од најдобрата дигитализација на културното наследство на еден народ. Затоа и се толку важни. Моментална историја, живот, верувања и традиција на една персона, на еден народ, на една група истомисленици, на една религија, на еден етнос можат да бидат доловени и само со еден единствен блог-запис.

Затоа отварајте си блогови, или барем пишувајте коментари. Оти ако не се множиме доволно, пак ќе се најде некој да не подели.