Nov 16

Денеска е шеснаесетти Ноември.

Се подлабоко навлегуваме во есента. Во секој сон, во секој дом, многупати доживеана и отсонувана, секоја година е поинаква. Ми предизвикува есенција од чувста да се прелие во мене, исто како боите на божилакот. Ја сакам. Создадена е за приказни. Кога за другите е меланхолична и врнежлива, за мене е бесконечно инспиративна.

Знам дека многумина ја доживуваат есента како тмурна, депресивна и осамена. Секое утро како се симнуваат степените целзјусови, се снижува и нивното расположение. Но гледајте вака на тоа…

Есента може да биде прекрасна и возбудлива. Посебно есента во Скопје. И неодоливо романтична. Има толку многу љубовни стории, и не ми е јасно зошто мора да постои ,,филм” од типот на Есен во Њу Јорк, а не и Есен во Скопје!!??

Зошто паметиме случки, а не ја паметиме есента?

Ако би побарала упатство за употреба на годишно време, би го нашла во есента. Не само затоа што сум родена во длабока есен, туку затоа што ми одговараат нејзините бои, облици, природна хармонија и елегантнo благородно винородие. Гете направил грешка барајќи ја во жената. “Ако воопшто постојат убавина, љубов и совршенство, тогаш со право тие треба да се побараат во една есен.”

Ги сакам сите годишни времиња, ама некако есента најмногу ме смирува. Полу влажните улици, шумолењето на дождот и многубојните шушкави лисја под нозете. Есента е период кога мојот град е во постојано променливо доживување. Ме потсетува на ,,некоја” слика од Мондријан. Како се менува изгледот наметнувајќи ново руво, така се менува и светогледот за мојот град.

Сакам и кога е ладно. Кога чекорам по мојот кеј, кој за мене е стално о`кеј. Кога талкам по слепите стари улички барајќи дел од загубената архитектура на старо Скопје. Кога ми смрзнува носот, а јас во фишек на клупа јадам печени коштани.

Сакам многу работи во есен, а те сакам и ,,тебе”, есен моја.


текстот е репринт (1,2)

3 Коментари на “Есенска симфонија во топли бои”

  1. Јас и Тој Напиша:

    [...] Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек? Есенска симфонија во топли бои Денес стартува ископувањето на локалитетот Таор [...]

  2. The-city-I-love-the-city-I-live » Археолошки дневник vol.2.1/2 © Напиша:

    [...] Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек? Есенска симфонија во топли бои Денес стартува ископувањето на локалитетот Таор [...]

  3. Colonia Skopiepolis » Blog Archive » The-city-I-love-the-city-I-live Напиша:

    [...] Сте биле ли некогаш во амам – a во чифт или во тек? Есенска симфонија во топли бои Денес стартува ископувањето на локалитетот Таор [...]

Напиши коментар