Dec 03

Тој човек нема фреквенција. Добро тогаш, седни на точката која е најодалечена од него. За да се постигне еротски дискурс на тезата, прво треба да се доведат сопствените мисли во ситуација која одговара на таа состојба. Можам ли да ја наштимам? Можеш!!!

А ако се раштима? Кој? Состојбата?

Ми загина мислата од сите ваши кружења наоколу. Видете драг господине, дали вие воопшто сакате да бидете запишан во некоја од бесконечно многубројните точки, додека ротирајќи опишувате невидлива линија на постоењето? На сите ваши жени. ;)

Целата процедура која трае во период од 24 часа е исполнета со т.н. ентоптички феномени. Што веројатно е тип(к)олошка грешка.

Сепак се е само оптичка илузија. ;)

Анси, а не си?