Dec 05

Твојата мирнотија
на постоењето и дишењето
ме избезумува.

Молчам.

Во тишината
на привидниот спокој
се бранувам.

Под коските
духот вознемирен
те предизвикува.

Остава
Т(р)ага крвава
со стапалки размачкана
во последната ноќ
есенска….


photo by: Evgeniy Shaman