Dec 10

Четири зими
во една чаша
собрани.
Се заледив додека
те чекав.

Тело во ѕид
удар и прасок
грч, а нема бол.

Ако убиец – раѓа убиец,
дали тишина – раѓа тишина?

А кој е тогаш задолжен
да ги собере
ронките од буката?”