Dec 13

Секој човек во животот има многу можности. И многу шанси. Некои ги препознава, некои не. Воглавном сите настани пред реално да се случат, се генерираат прво во главата. Тие се одвиваат помеѓу дилемата Да и НЕ. Но позната е источната поговорка дека оној кој нема да ја направи разликата помеѓу да и не, останува да живее засекогаш во полето на разликата. Во меѓусветовите.

Сепак…

Не сакам да испуштам ниту една можност во животот. Не сакам да ми се случи кога ќе наполнам педесет или шеесет години да си кажам, криво ми е, можев, а но не го сторив тоа. Не сакам никогаш во животот да си кажам дека ми е криво за било што. Дека сум имала шанса, а не сум ја искористила.

Затоа и ги прифаќам сите предизвици, независно од нивниот исход. Сепак и ние самите сме само едно искуство.

Can you take the challenge?


посветено на ТЕБЕ!!!

1 Коментар на “Каење”

  1. киху потру Напиша:

    наивноста на Да и Не, е самата нивна суштина, длабочина и едноставност. Се што е измеѓу може само подетално да ги дефинира работите или сосема да ги однесе во различен тек од оној кој сме сакале да го презентираме пред нас и другите.
    Стрелките на бесконечното време се вртат и без Ние да го гледаме нивниот круг внимателно, нашата реакција (активност) како дел од ова време мислам дека е многу поважна. Делата кои ги реализираме како дел од живеењето, методот на простување со едноставноста на Да е предизвик, што вистинскиот човек ја прифаќа и практикува!

    весела баба марта и космиско простување!

Напиши коментар