Dec 18

Ги гледав, уживав и учев од сликите на Вангел Наумовски цел живот. Израснав со неговото сликарство и пораката што ја понесов до крајот на животот ќе биде дека ако некогаш и некаде постои надреализам во кој егзистира фантастична колоритна природа, тој е овоплотен во сликарството на Вангел. Но за разлика од Дали, надреализмот во неговите слики го доживував некако спокоен и мирен. Токму како замислата од сликата ,,Љубовен сон во космичка градина“.

Како ќе проценат големите критичари на уметноста, Вангел имаше сликарски стил проткаен со фантазија, лирика и поетика. Не знам дали некои уметници се свесни колку нивните дела можат да влијаат врз луѓето и да променат нечиј животен тек, професија или начин на размислување. Кога кажав уметници, тука не мислам само на сликарите.

 

Светот остана посиромашен за еден гениј чија духовитост и луцидна природа никого не го остави рамнодушен. Вклучувајќи ме и мене. Вангел Наумовски во јуни минатата година засекогаш замина во светот на бајките. Онаков каков што само тој можеше да замисли дека ќе биде. А овој текст е само еден од многуте начини да ја изразам својата благодарност кон мојот омилен сликар.

Текстот е репринт

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,