Dec 18

Ги гледав, уживав и учев од сликите на Вангел Наумовски цел живот. Израснав со неговото сликарство и пораката што ја понесов до крајот на животот ќе биде дека ако некогаш и некаде постои надреализам во кој егзистира фантастична колоритна природа, тој е овоплотен во сликарството на Вангел. Но за разлика од Дали, надреализмот во неговите слики го доживував некако спокоен и мирен. Токму како замислата од сликата ,,Љубовен сон во космичка градина“.

Како ќе проценат големите критичари на уметноста, Вангел имаше сликарски стил проткаен со фантазија, лирика и поетика. Не знам дали некои уметници се свесни колку нивните дела можат да влијаат врз луѓето и да променат нечиј животен тек, професија или начин на размислување. Кога кажав уметници, тука не мислам само на сликарите.

 

Светот остана посиромашен за еден гениј чија духовитост и луцидна природа никого не го остави рамнодушен. Вклучувајќи ме и мене. Вангел Наумовски во јуни минатата година засекогаш замина во светот на бајките. Онаков каков што само тој можеше да замисли дека ќе биде. А овој текст е само еден од многуте начини да ја изразам својата благодарност кон мојот омилен сликар.

Текстот е репринт

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

2 Коментари на “Љубовен сон во космичка градина”

  1. Natka Напиша:

    Prekrasni sliki Arvena!
    Dali znaes nekoj da prodava negova slika? ;-)

  2. зафирова сузана Напиша:

    Мое длабоко убедување е дека во Охрид треба да постои среднао уметничко училиште кое ке го носи името на ВАНГЕЛ НАУМОВСКИ.
    Новата локална самоуправа дава услови за тоа
    Нашите талентирани средношколци го заслужуваат тоа
    Македонскиот туризам го вклучува тоа

Напиши коментар