Dec 18

Ги гледав, уживав и учев од сликите на Вангел Наумовски цел живот. Израснав со неговото сликарство и пораката што ја понесов до крајот на животот ќе биде дека ако некогаш и некаде постои надреализам во кој егзистира фантастична колоритна природа, тој е овоплотен во сликарството на Вангел. Но за разлика од Дали, надреализмот во неговите слики го доживував некако спокоен и мирен. Токму како замислата од сликата ,,Љубовен сон во космичка градина“.

Како ќе проценат големите критичари на уметноста, Вангел имаше сликарски стил проткаен со фантазија, лирика и поетика. Не знам дали некои уметници се свесни колку нивните дела можат да влијаат врз луѓето и да променат нечиј животен тек, професија или начин на размислување. Кога кажав уметници, тука не мислам само на сликарите.

 

Светот остана посиромашен за еден гениј чија духовитост и луцидна природа никого не го остави рамнодушен. Вклучувајќи ме и мене. Вангел Наумовски во јуни минатата година засекогаш замина во светот на бајките. Онаков каков што само тој можеше да замисли дека ќе биде. А овој текст е само еден од многуте начини да ја изразам својата благодарност кон мојот омилен сликар.

Текстот е репринт

Клучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,

Dec 16

Продавницата на John Derian во New York

Decoupage (декупаж – dā’kū-päzh’) е техника или креација добиена со нејзина помош кога некоја површина се декорира со исечоци, слично на уметноста кога се сецкаат и лепат хартиени слики како колаж на некоја подлога. Еден од најпопуларните автори-дизајнери на оваа техника моментално е њујорчанецот John Derian (Џон Дериан) чија комбинација на древни овошја, растителни и животински отпечатоци дополнета со рачно сликање, ги враќа подзаборавените бродури на старите книги и писма.

 

Како што можев да приметам го споменуваат сите блогери (1,2,3,4) кои се од New York или во оние градови каде можат да се најдат неговите производи. Очигледно е дека Дериан е омилен помеѓу купувачите, посебно по способноста да ги комбинира сите овие елементи во шармантно ексентрични колажи, од кој секој посебно го принта, а потоа ги сложува заедно во слоеви под стаклото.

 

Пред неполни две недели New York Times извади фасцинантно slide show на најдобро котираните парчиња за внатрешен декор, каде што Дериан е еден од најпродаваните и најбараните со неговиот SKELETON PLATE SET. Навистина ме интересира какво е чувството кога се јаде над нечија тибиа. Или фибула. Продавачите во атељето на Дериан за овој сет велат:

“I’ve had to explain over and over what decoupage is, and that the images John uses are often historic or rare. Once I explain all that, I end up selling the entire set. Often the customer is a doctor.”

SKELETON PLATE SET – John Derian

Меѓутоа, освен сервиси за јадење Дериан дизајнира се што може да замисли човек од асеаор на внатрешен ентериер. Декупажот е стара техника и сите ние во одредени старосни доба сме биле опседнати со неа. Во отсуство на било каков креативен дух во предновогодишната атмосвера на Скопје, ваквиот тип на креации можат да ви претставуваат репер да создадете нешто по своја воља. Употребувајќи ја сета ваша имагинација.

Dec 15

Колку пати во животот сте посакале да станете славна личност? Колку пати во вашата фантазија сте се претворале во атрактивно облечени аристократи кои знаат што сакаат, кои ги пленат луѓето околку себе, шармантни сте и духовити. Во нашата фантазија ние сме ѕвезди. Но кога ќе се заврши претставата и апаратот за фантазирање ќе се исклучи, повторно се враќаме на нашиот живот. И тогаш се прашуваме зошто сме така несоодветно обликувани и не сме така самоуверени. Хм..

Сте присуствувале ли некогаш на снимање на филм? Или тој се одвивал само во вашата глава? За оние кои не веруваат дека постои и другата страна на сонот, можеби некој следен пат ќе ви објаснам каде и како да го уловите. Секако … со ловец на соништата :)