click on image to enlarge
Клучни зборови: photography, sunset, Skopje, Macedonia, Arheoblog, фотографија, зајдисонце, Скопје, Македонија, Археоблог
click on image to enlarge
Клучни зборови: photography, sunset, Skopje, Macedonia, Arheoblog, фотографија, зајдисонце, Скопје, Македонија, Археоблог
Од круцијално прашање е колку може апстрактната уметност сама по себе да биде наративна, бидејќи нужно не мора да ја следи траекторијата на објектите. Во уметноста идејата на концепцијата како матрица која се реплицира има многу поголемо влијание отколку самото дело како личен отпечаток на уметникот врз платното. И тоа е она кое отсекогаш ми се допаѓало.
Може ли апстрактната уметност, навидум најаполитичната од сите видови визуелни уметности, да пренесе политичка порака/содржина? Апстрактна уметност во една ничија земја со констектуализиран идентитет, поставена на билборд.
Дали застанувате понекогаш пред билбордите да погледнете што има на нив? Или ги одминувате незабележувајќи ја пораката која ја пренесуваат. Дали билбордот е уметност? Секако дека е штом окупира дел од вашето внимание и предизвикува фокус на визуелно набљудување, а понекогаш и уживање. Што би се случило ако како подлога за овие билборди се искористат медиумите? Поточно новинарските текстови на политичките теми во Македонија и на поглобално ниво се обработат прво наративно, а потоа апстрактно?
Дали тогаш овој комерцијално узурпиран јавен простор би бил поатрактивен ако се ослободи за уметнички намени? Дали знаете кој е сопственик на овие простори за билбордот и за што се би можел да биде искористен?
Јас поставувам прашања, но одговорот моментално се наоѓа на две места. Едното е раскрсницата помеѓу улиците ,,Св. Климент Охридски” и ,,Илинденска”, а второто е Културниот центар „Точка“, каде на 28 февруари 2008 година ќе биде отворена самостојна изложба на дигиталниот уметник Зоран Попоски, насловена „Апстрактна политика“.

Препорачани линкови: Изложба во „Точка“ #///# Проектот ,,Јавен Простор”
Клучни зборови: Zoran Poposki, exhibition, public space, abstract, art, politic, bilboard, media, identity, Macedonia, Зоран Попоски, изложба, јавен простор, апстрактна, дигитална, уметност, политика, билборд, медиуми, идентитет, Македонија.
Носам аманет на челото
втиснат печат јасно видлив жиг.
Знам од каде доаѓам
и каде ме праќаат
Го давам своето сведоштво
да остави печат на времето,
се жигосувам себе си по душата
никогаш во животот да не заборавам
на кого припаѓало
тоа што вредело.
poetry, blog, macedonian, phenomenon, поезија, блог, македонски, жигосана

photo bt: Wojciech Grzanka
Recent Comments