Feb 09

Анасамблот Doulce Mémoire (Нежни спомени) оригинално е формиран во 1990 година од страна на флејтистот Дени Резен Дадар (Denis Raisin-Dadre). Со текот на годините прераснува во трупа која се посветува на вокалната и инструменталната музика од Ренесансата, онаква како што ја слушале и интерпретирале Leonardo da Vinci, Michelangelo, Henry VII of England … За да ја долови звучната слика на оваа епоха, Doulce Mémoire не враќаат во времето на разните музички формации кои делувале на дворовите во XV и XVI век. Овој ансамбл кој на својот репертоар има дела компонирани за театар, фарси и мадригални комедии честопати гостува на најголемите европски фестивали во Лион, Бон, Амброна, Монтре, Утрехт, Женева, Дубровник итн. Нивната огромна дискографија насекаде е примена со големи пофалби, а добитници се и на многубројни награди.

Doulce Mémoire

Doulce Mémoire имав прилика да ги гледам во 1998та година. Концертот беше првично закажан да се одржи во Сули ан, но поради пролетниот дожд беше преместен во Музејот на Град Скопје. Морам да кажам дека дури и во такви услови (музејот не е баш компетентна околина за ваков настан) уживањето беше комплетно. Луѓето свиреа, играа, пееја и глумеа. Ме вратија назад во времето вистински да ги доживеам овие патувачки трупи токму онакви какви што постоеле на дворот на François Ier de France. Вистинска реткост е ваков ансамбл да гостува кај нас и мислам дека публиката најмногу треба да му се заблагодари на Францускиот културен центар во Скопје кое во тоа време имаше големо лоби и беше поактивен отколку што е денеска.

Мал дел од репертоарот на Doulce Mémoire можете да погледнете на Youtube, а албумот Requiem des Rois de France, на мое големо задоволство можете да го симнете тука и тука.

Напиши коментар