Feb 25

Носам аманет на челото
втиснат печат јасно видлив жиг.
Знам од каде доаѓам
и каде ме праќаат

Го давам своето сведоштво
да остави печат на времето,
се жигосувам себе си по душата
никогаш во животот да не заборавам
на кого припаѓало
тоа што вредело.

, , , , , ,

тоа се само гени?

photo bt: Wojciech Grzanka

 

Feb 25

Седев и следев и помислив
под кроткоста на моите мисли
и жестината на моите чувства.

Како една клетка без вознемирување
се шета и остава трага
во секој милиметар крвно зрнце.

На некој кој дошол,
на некој кој си оди
на некој кој е се уште тука.

Вивисекција на една анатомија
низ мојата кожа со нијанса на сепија.

Се скрив
во аголот од собата
под стреата на сопствената совест.
Не знаев дека е грев
да се чувствувам така чисто
и ладно.

Има повеќе начини на гледање себе си

Но најчесто тоа е

хоризонтално,
вертикално и
дијагонално.

Feb 25

Верувам дека на секому од вас од најразлични причини му притребало да побара на интернет страници каде би можел да направи симултан превод на некој текст. Ви го препорачувам постот на Панта Реи во кој можете да најдете кратка листа со сајтови кои може да се користат за автоматизирано преведување. Можеби и вие би имале да ја надопоните оваа листа со некој од сајтовите кои ги користите.

Линк: (С)Најдени во преводот