Feb 25

Седев и следев и помислив
под кроткоста на моите мисли
и жестината на моите чувства.
Како една клетка без вознемирување
се шета и остава трага
во секој милиметар крвно зрнце.
На некој кој дошол,
на некој кој си оди
на некој кој е се уште тука.
Вивисекција на една анатомија
низ мојата кожа со нијанса на сепија.
Се скрив
во аголот од собата
под стреата на сопствената совест.
Не знаев дека е грев
да се чувствувам така чисто
и ладно.
Има повеќе начини на гледање себе си
Но најчесто тоа е
хоризонтално,
вертикално и
дијагонално.












Recent Comments